Skip to main content
Македонија

Ќерката на изчезнатата Лидија се огласи со емотивна порака

10/11/2024  10:38

Веќе трети ден откако исчезна 42 годишната Лидија од скопско Јурумлери, од неа нема ниту трага ниту глас. Нејзиното семејство овие денови ги поминува во страв, но и надеж дека таа ќе се појави.

Ќерката на Лидија Трајковска синоќа се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи, порака посветена за нејзината мајка.

Мартина напиша: “Душата моја мајче моја очите мои”

Лидија исчезна во петокот рано наутро, околу 5.10, облечена во зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики на себе. Последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери според снимките од камерите на бензиската пумпа. Семејството и полицијата ја бараат насекаде, но за жал засега безуспешно.