ЈСП „Скопје“ алармира за појава на лажни информации на социјалните мрежи, поврзани со електронската картичка „Скопска“. Според службеното соопштение, непозната група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ неовластено го користела логото на „Скопска“ и пласирала лажни линкови на интернет.
ЈСП истакнува дека овие линкови имаат цел да крадат лични и финансиски податоци од платежните картички на граѓаните. Компанијата предупредува сите корисници да внимаваат и да не кликаат на сомнителни линкови што не доаѓаат од официјалните канали на ЈСП.