Skip to main content
Македонија

Јолевски: Функционирам во радиус од пет метри, толку е долг кабелот за моето механичко срце

17/11/2024  21:26

Во вечерашната епизода од подкастот ЗРАК со доктор Марина Вукашиновиќ се зборуваше за кардиоваскуларните болести и трансплантација на срце во Македонија.

Во подкастот гостин беше Васко Јолески од Струга, претседател на здружението на пациенти со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“ .

Јолевски неколку години живее со механичко срце и во гостувањето сподели како се случило тоа и како тој денес живее со механичка поддршка на работата за срцето.

„Поради короната се одложи поставувањетио на механичката поддршка, но сепак уредот успеа да стифне, имав операција и уредот ми беше вграден. Одеднаш се наоѓаш во ситуација кога си врзан со кабел од пет метри кога си дома и можеш да функционираш во тој радиус приклучен на штекер, а кога си надвор, тоа трае кратко и е со помош на батерии кои се полнат и се стават на контролерот на уредот и така може да се оди надвор“ кажа Јолевски.

Објаснувајќи практично како функционира уредот, Јолевски ги извади батериите и го исклучи уредот по што следуваше вознемирувачки звук.

Јолевски говклучи веднашп и помина безбедно но дословно претставувајќи со какви се ризици и предизвици се соочуваат лицата со механичко срце.

Целата епизода на линкот во продолжение