Далас Маверикс на домашен терен го совлада Мемфис Гризлис со 121:116, а Денвер Нагетс ги победија Голден Стејт Вориорс со 119:115, во рамките на НБА лигата.
Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден феноменален меч, заврши со 38 поени (14/24), 10 скока, шест асистенции и пет украдени топки.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, во последните две и пол минути Вориорс влегоа со +6 (109:115). Следеше серијата на Денвер за победа од 10:0, која Јокиќ ја започна и ја заврши од линијата за слободни.
Покрај српскиот кошаркар, се истакнаа Мајкл Портер Јуниор со 22 поени, седум скока и две асистенции, Арон Гордон со 15 поени, девет скока и пет асистенции.
Двоцифрени беа и Џамал Мареј со 12 поени, три скока и седум асистенции, како и Кристијан Браун со 11 поени, шест скока и две асистенции.
Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари, кој оствари дабл-дабл со 24 поени, седум скока и 11 асистенции, а го следеше Џонатан Куминга со 19 поени, пет скока и две асистенции. Ендрју Вигинс, Брандин Подзиемски и Мозес Муди постигнаа по 13 поени.
Далас Маверикс до победата над Мемфис ги предводеше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок. Тој постигна 37 поени, со 12 скока и четири асистенции.
На три минути до крајот Гризлис имаа +8 (103:111), по што следеше серија на Далас од 13:0.
Покрај Дончиќ се истакна Пи-Џеј Вашингтон 18 поени, осум скока и седум асистенции, додека Дерек Лајвли имаше дабл-дабл со 17 поени и 11 скока.
Кајри Ирвинг имаше многу лоша партија, постига 10 поени со 3/14.
Кај Мемфис Гризлис се истакна Џа Морант со 31 поен, два скока и четири асистенции, а го следеше Демсонд Бејн со 19 поени со по три скока и асистенции.
Двоцифрени постигнаа и Џерен Џексон Јуниор со 16 поени и седум скока, како и Санти Алдама со 15 поени, осум скока и три асистенции.