Skip to main content
Магазин

Јапонското јаболко – Зимски дар за здравје и имунитет

04/12/2024  16:31

Во студените зимски денови, јапонското јаболко станува вистинска глетка за очи. Кога неговите листови ќе опаднат, на голите гранки остануваат раскошно портокаловите плодови кои не само што изгледаат прекрасно, туку и нудат бројни здравствени придобивки.

Интересно е што некои јапонски јаболка можат да достигнат тежина до 400 грама, што ги прави меѓу најголемите овошја на гранките. Но, големината не е најважното – ова овошје е исклучително богато со витамин Ц, што го прави одличен сојузник во јакнењето на имунолошкиот систем и одржувањето на општата здравствена состојба.

Здравствени придобивки

Освен витаминот Ц, јапонското јаболко содржи значителна количина на растителни влакна кои помагаат во намалување на холестеролот и регулирање на варењето. Ова го прави идеален избор за оние кои сакаат да го подобрат здравјето на својот дигестивен систем.

Иако е богато со фруктоза, јапонското јаболко се препорачува и за лица со висок шеќер во крвта, бидејќи природните шеќери се полесно прифатливи за организмот. Покрај тоа, содржи флавоноиди, кои помагаат во превенција на кардиоваскуларни заболувања и ја штитат клеточната структура од слободните радикали.

Источна медицина и традиционална употреба

Во источната медицина, јапонското јаболко има долга традиција како природен лек за воспаленија на цревата, хемороиди, и заболувања на желудникот, жолчката и црниот дроб. Плодовите се користат како природен лаксатив, а се познати и по нивните антибактериски и антибиотски својства.

Јапонското јаболко е повеќе од обично овошје – тоа е природен лек, зимска декорација и совршен извор на витамини и минерали за одржување на здравјето. Не заборавајте да го вклучите во вашата исхрана оваа зима и уживајте во неговите вкусови и придобивки.