Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ги започне подготовките за Австралија опен следниот месец со настап на турнирот во Бризбејн, објавија организаторите.
„Едвај чекам да ја почнам мојата австралиска турнеја во Бризбејн и повторно да се натпреварувам во Пат Рафтер арената, изјави 24-кратниот грен – слем шампион.
АТП/ВТА турнирот во Бризбејн ќе се одржи од 29 декември до 5 јануари, пред Австралија опен кој започнува на 12 јануари.
Доколку триумфира во Бризбејн, 37-годишниот Ѓоковиќ ќе го освои својот јубилеен 100 трофеј и ќе им се придружи на Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103) како единствените тенисери кои освоиле најмалку сто АТП титули.