Skip to main content
Магазин

Што се случува во организмот кога јадеме лута храна?

08/12/2024  23:52

Некои луѓе обожаваат лута храна исто како што други не можат да замислат ден без блага или солена храна. Но, што навистина се случува во организмот кога јадеме нешто лутo?

Лутината кај различните видови храна ја предизвикуваат различни фитохемикалии. Кај пиперките и фефероните за тоа е одговорен капсаицинот, кај лукот и кромидот алицинот, а пиперинот е хемикалијата што ја дава лутината на црниот бибер. Овие фитохемикалии, кои природно ги произведуваат растенијата, им даваат боја, вкус и мирис на храната, но и ја „мамираат“ устата.

Кога јадеме лута храна, овие соединенија се врзуваат за рецепторите во устата кои детектираат топлина. Мозокот добива сигнал дека станува збор за нешто врело, поради што телото реагира како да е изложено на висока температура – се потиме, срцето побрзо чука, а дишеме побрзо.

Фитохемикалиите еволуирале за да ги заштитат растенијата од инсекти, патогени и други штетници, па не е изненадување што тие имаат антиоксидативни, антимикробни и антивирусни својства. Научните истражувања покажуваат дека лутата храна може да ја подобри работата на срцето, да го поттикне варењето и дури да помогне при слабеење.

Често се верува дека лутото може да предизвика чир на желудникот или тенкото црево, но нутриционистите велат дека тоа може да ги влоши постоечките симптоми, но нема само по себе да биде причинител. Покрај тоа, црниот бибер поттикнува ослободување на ензими кои помагаат во варењето на масти и јаглехидрати.

Сепак, важен е балансот. Ако изедете високомасен оброк, како чизбургер со помфрит и лут сос, дигестивните проблеми најверојатно ќе бидат последица на мастите, а не на лутото.

Дополнителна грижа е контактот со очите или други чувствителни делови од телото откако сте допреле лути пиперки. Затоа е важно внимателно ракување со ваквите намирници.

На крај, лутата храна треба да се консумира умерено и во комбинација со квалитетни состојки. Така, таа не само што нема да предизвика непријатности, туку може да биде и корисна за вашето здравје.