Во Битола се уапсени шест лица на возраст од 19 и 20 години.
„На 24.11.2024 во 01 часот на ул.„Климент Охридски” во Битола во врска со основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Б.(19),М.Г.(19),С.Б.(20),П.Р.(20),А Р.(20) и Ј.С (20) сите од Битола. При преглед кај М.Б. била пронајдена марихуана“, велат од МВР.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. Според Кривичниот законик, тие се гонат за поседување дрога.
„Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до десет години“, стои во Кривичниот законик.