Skip to main content
Музика

Шерифовиќ: На Балканот има само две ѕвезди, Чолиќ и Брена, се надевам одам по тој пат

25/10/2024  14:36

Српската поп пејачка Марија Шерифовиќ на 2 ноември ќе одржи спектакуларен концерт во Скопје, во Арената Борис Трајковски, па по тој повод вчера беше во главниот град и одржа прес конференција на која со новинарите разговараше за турнејата “Доаѓа љубов (Долазо љубав)” но и за многу други теми поврзани со нејзината кариера.

На прашањето дали се чувствува како ѕвезда, односно дали смета дека веќе го достигнала врвот или има уште да работи на тоа, таа одговори дека тоа е тешко прашање да се одговори затоа што имаме многу малку уметници кои се признати и од публиката и од експертите во оваа област. За себе смета дека е призната и од двете страни а за тоа зборуваат бројките на продадени билети, но не би знаела дали е се уште на врвот.

Според неа Балканот има две вистински ѕвезди, а тоа се Здравко Чолиќ и Лепа Брена, па се надева дека оди по тој пат, односно верува дека има шанси да оди по тој пат.