Skip to main content
Македонија

Шеваљ Муареми од Дубаи: „Невин сум, нема докази против мене“

02/12/2024  00:07

Во јули оваа година, криминалната група Дуќанџик/Грчец се најде под удар на правосудните органи, откако пет члена беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Лидерот на групата, Шеваљ Муареми, прогласен за бегалец, сè уште се крие од македонските власти и е предмет на меѓународна потерница. Според извори, Муареми се наоѓа во Дубаи.

Екипата на КОД, која во повеќе наврати известуваше за неговото бегство, конечно успеа да го пронајде и контактира. Во ексклузивен разговор со новинарката Снежана Лупевска, Муареми изјавил дека против него не постојат конкретни докази. Иако одби да даде интервју пред камера, тој прифати разговор и дозволи да се направи заедничка фотографија.

Во разговорот, Муареми посочил дека моментално работи во компанија за компјутери во Дубаи, избегнувајќи подетални одговори на обвинувањата. Македонските власти сè уште активно работат на неговото пронаоѓање и екстрадиција.