Skip to main content
Забава

Чудо од сируп: Штити од настинки, вистински еликсир на здравје во една кафена лажичка

25/11/2024  20:24

Овој сируп од сушено овошје, сок од лимон и мед помага да се зајакне имуниот систем, што е особено важно кога е вирусна и сезона на настинки.

Се зема една лажичка дневно. Сувото грозје е одличен извор на енергија, сливите се богат антиоксидант, сувите кајсии се извор на влакна и минерали, бадемите се богати со масни киселини, а оревите се богати со хранливи материи. Исто така, овој сируп содржи цветен мед, кој е ефикасен во борбата против инфекциите.

Потребни состојки
50 гр суво грозје;

50 гр суви сливи или урми;

50 гр суви кајсии;

30 гр бадеми;

50 гр ореви;

70 гр цветен мед;

2 лажици сок од лимон;

Кора од 1 поголем лимон.

Подготовка
Сите состојки сомелете ги во блендер освен сокот и кората од лимон.

Нив додадете ги на крај и добро измешајте. Истурете во тегла.