Skip to main content
Македонија

Членови на Независниот синдикат за здравство бараат смена на претседателот Бојчевски

22/11/2024  13:58

Членови на Независниот синдикат за здравство составивиле иницијативен одбор кој бара промена на претседателот, Боби Бојчевски.

Тие, во соопштение за јавноста информираат дека тој бил нелегитимен и дека не се грижел за здравствените работници.

„Ова наше барање доаѓа како резултат на тоа што Претседателот, Боби Бојчевски веќе подолго време не се грижи за вработените во здравството и лажно се претставува како наш вистински и искрен претставник. Бојчевски не прави ништо друго освен што го руши угледот на здравството и вработените во здравствениот систем. Веќе подолго време овој синдикат претставува “членарина” синдикат и машина за собирање само на финансиски средства без притоа членовите и здравствените работници да имаат вистинска борба за своите работнички права.

Членството во синдикатот веќе има собрано потписи за смена на Претседателот. Доколку тој самиот не поднесе оставка, ние ќе поднесеме пријава.

Доста е со расипничкото водење на нашиот синдикат од страна на нелигитимниот Претседател. 

Со ова наше соопштение сакаме да ја информираме целата јавност за тоа што се случува во нашиот синдикат“ се вели во соопштението