Скопје повторно се соочува со сериозна загаденост на амбиенталниот воздух. Вчеравечер и утрово состојбата достигна алармантни нивоа, според податоците од мерните станици, каде концентрациите на ПМ10 честичките се три до три и пол пати над дозволените граници. Европските институции го рангираат Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот.
Особено тешка е ситуацијата во населбите Карпош 4, Влае, Порта Влае и Ѓорче Петров, каде што граѓаните вчеравечер и утрово се соочија со надразнувачки мирис на гареж и неидентификуван специфичен мирис.
Во својот Фејсбук статус, д-р Андон Чибишев предупредува дека загаденоста е толку сериозна што прочистувачите на воздухот во домовите покажуваат многу високи концентрации на штетни честички, укажувајќи дека дури и во затворен простор, граѓаните дишат загаден воздух кој ви го пренесуваме во целост.
Вчеравечер и утрово состојбата со амбиенталниот воздух во Скопје станува алармантна и неподнослива . Според мерните станици на скоро сите мерни места загадувањето со ПМ 10 честички е за три до триипол пати повисока од дозволената а според Европските институции Скопје е меѓу десетте најзагадени градови во светот.
На потегот од Карпош 4, Влае, Порта Влае, Ѓорче Петров, вчеравечер и утрово се чувствува надразнувачки мирис на гареж и некој специфичен мирис кој не можам да го идентификувам. Мојот прочистувач кој го имам во станот дома покажуваше многу високи концетрации на загаденост што значи дека веќе и дома дишеме загаден воздух.
Ја поздравувам најавата на Владата и институциите да се започне со системско решавање на загадувањето на амбиенталниот воздух , меѓутоа додека траат активностите на институциите, на отворено сите со маски, за дома да се набави прочистувач со солидни перформанси затоа што на пазарот има секакви и со различни цени.
На тој начин да се обидеме барем минимално да го намалиме штетното влијание на загадувањето на амбиенталниот воздух.
ЗДРАВЈЕТО НЕМА ЦЕНА !