Skip to main content
Македонија

Чалчевска: Раното откривање е најважниот дел од борбата против канцерот на дојка

27/10/2024  22:55

Во подкастот „Зрак“ со докторка Марина Вукашиновиќ, покрај восителката Лила Филипоска гостуваше и д-р Славица Чалческа специјалист радиолог и раководител во ГОБ 8ми септември.

Чалчевска во подкастот зборуваше за важноста од раното откривање на карциномот на дојката, но и на другите болести. 

„Раниот скрининг и раното откривање на промените во дојката е најважната борба против било каква болест во организамот, пред се на дојката. Промените што може да ги визуелизираме, најлесно можат да се направат преку мамографски преглед. Така, на ниво на Македонија имаме национален комитет за скриниг и превенција на рак на дојката имаме ехосонографски прегледи кои се доста актуелни и се секојдневни во сите поликлиники, како дијагностички прегледи на дојка и друг принцип на закажување како скриниг, исто така на ниво на Македонија. Промените кај дојката се дискутабилни, затоа што некогаш може да не излажат и мора да ги следиме. Моето мото е секоја промена првично треба да се биопсира, да се докажува и потоа или ја следиме или ја вадиме“ рече таа. 

Чалчевска додаде дека во целиот тој процес потребна е тесна соработка со онкологот и другите доктори, со цел третманот за лекување да почне на време и истиот да биде ефикасен.