Skip to main content
Македонија

ЦУК: За еден ден регистирани 1685 повици, седум пожари, пронајдени неексплодирани гранати во тетовско и битолско

22/10/2024  11:56

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на бројот 112 во последното деноноќие се регистрирани 1 685 повици – седум пожари на отворено, исчезнато лице од Струга, пронајдени неексплодирани убојни средства во Тетово и армиско бојно гаѓање во Битолско.

„Кон Полиција биле упатени 74,12%, кон Итната медицинска помош 19,41%, а кон пожарникарите 1,76%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 844 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“, наведува ЦУК.

Според ЦУК, од повиците „реални“ биле 62,14 отсто, а 37,86 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.