Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека изминатите 24 часа, девет пожари на отворен простор биле евидентирани на територија на државава, покрај интервенции за гаснење пожари во населени места. Сите пожари биле изгаснати.
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Кочани од 14:15 до 15:10 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, се интервенирало на запалено стрниште меѓу селата Горни Подлог и Мијанци. Во период од 14:35 до 15:10 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, се интервенирало на запалено ѓубриште во блиизна на градежната фирма „Стоименов“ во Кочани.
ТППЕ – Штип од 17:10 до 17:55 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирала на запалени пченка во нива, сува трева и стрниште во нива во село Долни Балван.
ТППЕ – Битола од 11:35 до 12:15 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, интервенирала на запалена ниска вегетација во село Кукуречани.препор
ТППЕ – Прилеп од 16:22 до 18:15 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирала на запалена ниска вегетација во близина на вила „Бегова ливада“ кај бунарите.
ТППЕ – Гевгелија од 17:10 до 18:40 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, интервенирала на запалени ниска вегетација, капини и врби, покрај реката Вардар кај село Милетково.
ТППЕ – Струмица од 17 до 18:35 часот, со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирала на запалена депонија во село Дабиле.
ТППЕ – Неготино од 15:05 до 17:05 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, интервенирала на запалени ниска вегетација на површина од еден декар и чуварница од приватна фирма на влезот од село Долни Дисан.
ТППЕ – Куманово од 9:40 до 10:55 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возило, интервенирала на запалена ниска вегатација во село Романовце.
Тројца кумановски пожарникари од 18:30 до 19:40 часот имале техничка интервенција за извлекување заглавени деца во лифт на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово.
ЦУК информира и дека денеска од 12 до 17 часот, планирано е минирање на локалитетот „Сладун“ во општина Прилеп. Додека, на каменоломот „Говрлево“, општина Сопиште, од 10 до 15 часот. Според најавите, ќе има повеќе детонации, што ќе се почувствуваат и слушнат во околината.
Изминатите 24 часа, ЦУК евидентирал 1.707 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од нив како „реални“ биле категоризирани – 58,06 отсто, а 41,94 проценти, за други потреби на граѓаните.
Кон полицијата биле упатени 67,73 отсто, кон Итната медицинска помош – 25,53 проценти, а кон пожарникарите – 2,48 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.