Skip to main content
Uncategorized

Цените отидоа до плафон, a Мицкоски мува не го лази, велат од СДСМ

10/12/2024  19:59

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Цените продолжуваат да растат, народот има се помалку пари во џебовите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември цените на производите се повисоки за 4 отсто а годишната инфлација е 4,3 отсто, повисока од претходно.

За една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото. 

Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.

Ова е најголем доказ дека власта на Мицкоски и ДПМНЕ водат погрешни екоономски политики додека граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај.

Цените  отидоа до плафот а Мицкоски мува не го лази.