Мајката А.Ѓ. (33) од околината на Јагодина е уапсена поради сомнение дека го убила своето новороденче и го оставила во замрзнувач.
А.Ѓ. е самохрана мајка на пет деца, а откако го родила шестото дете, наводно го убила бебето и го оставила во замрзнувач, пишува Нова.рс.
„Низ селото се прошири приказната дека го убила бебето. Полицијата веднаш отишла во станот во кој претходно живеела мајката и го пронашла телото на бебето во замрзнувачот. Се сомневаат дека било таму неколку дена“, вели изворот на српските медиуми.
Мајката веднаш била уапсена, а петте деца биле сместени во згрижувачки семејства.