Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално му честитала на Доналд Трамп за победата на изборите за претседател на државата, јави Си-Ен-ЕН.
Висок помошник на Харис изјави дека таа „го повика новоизбраниот претседател Трамп за да му честита за победата на претседателските избори во 2024 година. Таа разговараше за важноста на мирен трансфер на власта и да се биде претседател за сите Американци“.
Разговорот траел само неколку минути, наведува медиумот.
„Потпретседателката и кандидатка за претседател на Демократската партија на САД, Камала Харис ќе даде изјава во 21 часот по Гринич во Вашингтон“, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
Тоа ќе биде прва изјава на Камала Харис откако синоќа ги загуби изборите од републиканецот Доналд Трамп.