Skip to main content
Македонија

(Фото) Со потерница се бара адвокатот кој ја запали Адвокатска комора

04/12/2024  20:27

МВР распиша потерница за скопјанецот кој завчера го запали објектот каде е сместена Адвокатската комора на Македонија.

Станува збор за Александар Ристески, адвокат од Скопје.

На Ристески пред неколку недели пред настанот му била одземена лиценцата од страна на Комората поради дисциплински прекршок.  

Се претпоставува дека тоа бил мотивот да ја запали Адвокатската комора.

МВР го бара со меѓународна потерница.