Skip to main content
Македонија

(Фото) Герила: ВМРО пред ЕУ потврди смело, Преспански договор е ремек дело

23/10/2024  15:21

Герила акција денеска се појави во центарот на Скопје.

На платно, граѓани им го честитаа 23 октомври на ВМРО-ДПМНЕ со интересна порака.

,, ВМРО денес гордо слави патриотски потврдија пред ЕУ смело – Преспанскиот е ремек дело ” стои во пораката.

Ова доаѓа како реакција на излагањето на премиерот Христијан Мицкоски кој во Виена кажа дека Преспанскиот договор е брилијантен иако како опозиционер беше негов главен противник и најавуваше и негова ревизија.