Skip to main content
Македонија

Фон дер Лајен во четврток доаѓа во посета на Скопје

18/10/2024  20:37

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Северна Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.