Skip to main content
Свет

„Фигаро“: Советот за безбедност на ОН попладне ќе одржи итен состанок за ситуацијата во Сирија

09/12/2024  09:21

Советот за безбедност на Обединетите нации попладне по локално време зад затворени врати ќе одржи итен состанок за ситуацијата во Сирија, по паѓањето на режимот на претседателот Башар ал Асад, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Консултациите, на барање на Русија, ќе се одржат со почеток во 15 часот по локално време, прецизира парискиот весник, повикувајќи се на неколку дипломатски извори.

Русија вчера повика да се одржат итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за Сирија, изјави извор од ОН за руските медиуми.