Не се обидувајте да се стекнете со познавање на англиски јазик ТОЕФЛ во Пловдив, Бугарија. Фејсбук страницата на компанијата Јулија, која се занимава со превод и консултации, од утрово ja нема на социјалната мрежа. Никој не крева на телефон, а валидноста на сертификатот со кој се стекнал директорот на АНБ, Бојан Христовски го проверува антикорупциска.
Бугарскиот број во Пловдив на кој никој не одговара или при вртење од Македонија исклучува како непостоечки.
Фејсбук страница на бугарските и грчката фирма со име Јулија, кои се занимаваат со превод и консултации и во кои се посочува Пловдив, од утрово ги нема на социјалната мрежа.
Името на бугарското училишно студио Јулија покрај во биографијата на директорот на АНБ Бојан Христовски се појавува и во една одлука на антикорупциската комисија од 2021-ва.
Тогаш бил оспорен Тоефл сертификат од истата школа која ја приложил директор на меѓуопштински центар за социјални работи.
Центарот доставил дека сертификатот е приложен во законски рок по што ДКСК ја отфрлило претставката дали сертификатот е поднесен навреме.
Не е проверувано дали е вистинита или фалсификат.
Во одлуката антикорупциската комисија навела дека во државата нема регистар на странски тест центри за ТОЕФЛ ниту пак начин на проверка дали јазичните училишта во странство како бугарската Јулија се регистрирани за специфични тестови по англиски јазик.
Но од 2021-ва до сега не е сменето ништо, и повиканото Министерство за образование не направило такви ресурси за да се спречат фалсификувани сертификати за англиски јазик.
Имало уште неколку случаи со директори на државни институции за чии сертификати, тогашниот ДКСК побарал одговор од Британскиот совет.
Бритиш каунсл им одговорил дека единствено тие се надлежни за ТОЕФЛ тестирања во Македонија.
Извор: Телма.мк