Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот, 64-годишниот Љ.П. од Прилеп.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.