Skip to main content
Балкан

Уште еден земјотрес го стресе Балканот попладнево

29/10/2024  20:49

Кај Јадранското Море вечерва се случи земјотрес. Бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Јадранот, недалеку од италијанскиот брег.

Утрово, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала исто така ја погоди и Тирана.

Епицентарот на земјотресот беше на 19 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.