
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови.
Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.