Skip to main content
Македонија

УХМР: Следните два дена мала промена на времето

28/10/2024  14:07

Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, од четврток продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.