Skip to main content
Македонија

УХМР: Ноември студен и просечно врнежлив

03/12/2024  13:14

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Република Македонија, месец ноември годинава, се карактеризира како студен и просечен во однос на врнежите.

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Република Македонија, месец ноември годинава, се карактеризира како студен и просечен во однос на врнежите, со исклучок на југозападниот дел каде месецот е сув, во споредба со многугодишните просечни вредности, соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 2,2 степени Целзиусови во Лазарополе до 8,6 во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше 1,0 степен пониска на ниво на држава.

Највисоката максимална температура е измерена на 1 ноември во Гевгелија и изнесуваше 23,3 степени. Најниската минимална температура од -10,1 степен во текот на месецот е измерена во Берово на 24 ноември. Во почетокот на месецот среднодневните температури беа повисоки од 10 степени за од 5-ти да се симнат под 8,0 степени.

Во ноември, месечната сума на врнежи во државата варираше од 23,3мм во Скопје Зајчев Рид до 132,4мм во Маврово.

Врнежите беа застапени во втората и третата декада од месецот и беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 58,6мм беше регистрирано во Лазарополе на 21-ви во месецот. На 22-ри ноември беше забележена жестока олуја, според податоците од Штип (29м/сек или 104км/час од SE правец) но и на другите мерни места во државата.

Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 41% под просечната на ниво на држава.