Утре, со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени, информираа вечерва од прес службата на Владата.
Според досегашните најави, се очекува стотина производи да бидат со намалени цени, а владини претставници уверуваат дека оваа кошница ќе биде со повеќе производи од претходната „есенска“ кошница.
Иако беше помпезно најавувана, граѓаните не видоа многу аир од „есенската“ а дали ќе се заштеди со „новогодишната“ кошница, останува да видиме