Skip to main content
Живот

Утре е Митровден: Какво ќе биде времето, таква ќе биде зимата

07/11/2024  19:55

Утре, на 8-ми ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден.

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето – ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!

Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар каленадр и е обележан во црковниот календар со црвени букви.

Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.