
Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД, што ќе бидат наменети за хуманитарни и социјални програми, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД. Тие средства ги насочуваме кон приоритетни хуманитарни и социјални програми“, напиша Шмихал на Телеграм.
Тој прецизираше дека американската влада го насочувала финансирањето преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и во координација со Министерството за финансии на САД и Стејт департментот.