Skip to main content
Свет

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

09/12/2024  09:27

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален лет од Мексико кон Соединетите држави.

По полетувањето од Леон до Тихуана, Мексиканецот, идентификуван од властите само како Марио Н, ја нападнал стјуардесата и се обидел да влезе во пилотската кабина, пренесува ABC News.

Авионот бил пренасочен кон Гвадалахара, каде слетал и каде киднаперот потоа бил уапсен од мексиканската национална гарда.