Skip to main content
Хроника

Уапсен млад скопјанец – се шетал низ Чаир, а требало да биде во куќен притвор

13/11/2024  21:33

Денеска (13.11.2024) во 09.20 часот на ул. „Цветан Димов” во Скопје, членови на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.А.(28) од Скопје затоа што не носел документ за идентификација, соопшти МВР.

„По извршените проверки, утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која тој не ја почитувал“, велат од полицијата.

Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвена и соодветна пријава, додаваат од МВР.