Како што соопштија од полицијата, вчера во 08.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Х.Д.С.(66) од САД затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка, додаваат од полицијата.