Skip to main content
Македонија

ТХП: Турската заедница заборавена во буџетот за 2025 година

11/12/2024  10:10

Интегрален текст од соопштение за јавност на ТХП:

Намерно или не, загрижувачки е што рекордно големиот буџет за 2025 година ги изоставува населените места каде што доминираат припадници на турската заедница. За овие граѓани речиси и да не се предвидени проекти кои би можеле да го подобрат квалитетот на нивниот живот.

Дополнителен доказ за игнорантскиот однос на владата кон помалубројните етнички заедници е и значителното намалување на буџетот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ). Средствата за поддршка на невладините организации, кои досега изнесуваа 3 милиони денари, се намалени на симболични 100.000 денари. Со ова, единствениот извор на финансиска поддршка за невладините организации на помалубројните етнички заедници практично е укинат.

Припадниците на заедниците не заслужуваат вакво понижување и свесна маргинализација!