Skip to main content
Македонија

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

09/11/2024  10:56

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје.

Пријавени се 2 случаи од Скопје и еден од Кратово.

„Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус“, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.

Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.

„Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација“, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.