59-годишен жител на Велес вчера пријавил во полиција дека три малолетни момчиња го нападнале на автобуска постојка во скопската населба Гази Баба, соопшти МВР.
„На 10.12.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, Н.М.(59) од Велес пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.