Skip to main content
Хроника

Три лица со возило се движеле низ Криволак, во обид да вршат археолошки ископувања

22/10/2024  18:22

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

На 14.04.2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација.