Skip to main content
Хроника

Тригодишно дете од Куманово затруено со таблети

14/12/2024  14:33

На 13 декември 2024 година, во 17:08 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во Општата болница Куманово било донесено тригодишно дете од Куманово, кое се затруло откако испило поголема количина таблети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Куманово веднаш излегле на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.