Skip to main content
Хроника

Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина, малолетник пренесен во Ургентен

04/12/2024  10:00

Трагедија се случила вчеравечер во скопската населба Кисела Вода. Седумдесетгодишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на лице место, а малолетникот е тешко повреден.

„Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Кисела Вода две лица (70-годишна жена и малолетник) паднале од висина (од зграда). Жената починала на местото на настанот, а малолетникот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.