Skip to main content
Македонија

Толеска: Опоравувањето од операција на рак на дојка трае само неколку часа

10/11/2024  21:45

Во новата епизода на подкастот ЗРАК со докрор Марина Вукашиновиќ за карциномот на дојка зборуваше докторка Наташа Толеска која го објасни процесот на опоравување од операција на карциномот. 

Според неа, процесот на опоравување трае релативно брзо и нема потреба од претерани грижи. 

„Најчесто се очекува дека пациентките треба да лежат после оперативен зафат, ама по неколку часа по операција пациентките стануваат и вечерта најнормално функционираат. Ние кога ќе ги пуштиме пациентите дома, најчесто помеѓу 24 и 48 часа по операција најчесто ги отпуштаме со дрен на раната и ние ги едуцираме како треба да го празнат дренот и како да го менаџираат истиот. Тоа не е нешто страшно и не е ништо коплицирано и трае само неколку денови“ вели докторка Толеска. 

Целата емисија може да ја погледнете на следниот линк