Д-р Теодора Тодорова од Клиниката за ортопедски болести во подкаст ЗРАК со д-р Марина зборуваше за првата операција во Македонија со која е направена ретрансплантација на коска заболена од канцер.
„Идејата за тоа ја имавме некое време само се чекаше погоден пациент. Станува збор за еден широкораспространет метод во делот на ортопедската онкологија, особено во земјите кои би рекле дека се посиромашни и најголема примена наоѓа кај деца и адолесценти. Најголем проблем со кој ние се соочуваме како хирурзи е што по отстранување на туморот. Прво да се извади тој тумор во здраво, потоа по самото вадење на туморот, што ќе направиме ние со тој дефект, како ќе ги затвориме коската, мускулите, па и кожата и сето тоа е проследен со висока стапка на компликации. Ние користиме коска која била на самото место, анатомски се совпаѓа со самиот дефект, шансите организамот да ја отфрли се минимални“ рече Тодорова.
Таа додаде дека досега таква операција е извршена кај две пациентки, една на 15 една на 8 години, дополнувајќи дека ако таквите операции во други држави операција траеле минимум 14 часа нашиот тим хирурзи, доктори и медицински физичари успеале операцијата за да јазвршат за 6 часа.