На 26.11.2024 околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(34), С.А.(46) и С.С.(54), тројцата од Скопје и Б.Ј.(34) од Крива Паланка. Тие се сомничат дека околу 19.40 часот со уште неколку лица, во и пред угостителскиот објект, поради недоразбирање околу плаќање на сметка во објектот, физички ги нападнале В.Р.(45), Ј.Д.(44) и Б.П.(40), сите од Скопје, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.