Skip to main content
Македонија

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

01/12/2024  11:40

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари вели дека не е во ред да се палат знамињата на ниту една држава.

Тој во изјава за медиумот на албански јазик „ЛАЈМ“ истакнал дека Владата е решена да ги казни сите кои го прекршуваат законот, без разлика на етничката припадност и додал дека за прв пат во Македонија е уапсено лице за палење на албанското знаме.

„Непријатна ситуација од двете страни. Не е во ред палењето на знамето на еден етникум, држава или нација. Сепак, Владата испрати јасни пораки до двете страни. Во Прилеп за прв пат во историјата на Македонија се случува некој што го запали албанското знаме да биде уапсен. Се преземаат мерки. Дури и од албанска страна, односно оние кои го запалија државното знаме, неколку лица се лишени од слобода. Ова е јасна наредба дека сите мораме да ги почитуваме знамињата, да се почитуваме и да ги почитуваме законите. Затоа ги замолувам сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да се почитуваат меѓусебно и да ги почитуваат законите бидејќи власта ќе одговори подеднакво на сите страни“, порачал Таравари.