Skip to main content
Македонија

Сѐ уште трае распитот на Васко Стефанов во Кривичен

11/12/2024  14:18

Во Кривичниот суд сѐ уште трае распитот на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од 23 лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Во рамки на акцијата на МВР „Адитив“, Стефанов вчера беше приведен на граничниот премин Табановце, а денеска беше спроведен во Кривичниот суд.

Од МВР вчера информираа дека е спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се претреси на повеќе локации на подрачјето на Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје. Се трага и по поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.