
Метео анализа на Славчо Попоски:
Почетокот на следната седмица ни носи уште постудено време, а по се изгледа ќе ја имаме и првата бела покривка на планинските места во Македонија.
Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да провеат и во некои места со помала надморска височина.
После сето ова, нов студен бран се црта околу 20 Ноември, што значи како што и најавив, оваа година Ноември месец ќе биде баш како и календарски се нарекува, Студен месец.