Skip to main content
Спорт

Страшно: Ракометар на Вардар искасан од кучиња среде Скопје

21/10/2024  16:55

Пред мечот против Порто во Европската лига на ЕХФ двократниот европски шампион Вардар се најде во неочекувана ситуација.

Имено, голема е веројатноста тренерот Владо Недановски да го нема на располагање Вуко Борозан.

Црногорскиот бек имал непријатна ситуација во неделата. За време на прошетка на неговите деца, Борозан бил нападнат од кучиња и морал да ги одбрани своите деца. Случката ја откри тренерот Недановски на прес-конференцијата пред мечот со Порто.

„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, откри тренерот на вардарци.

Борозан по случката завршил во болница, повреден и „искасапен“ од кучињата, па морал да добие 14-15 конци. 

Недановски откри дека голема е веројатноста Борозан да не настапи во дуелот против Порто.