Општина Гази Баба во населеното место Црешево изгради ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава. Оваа информација на социјалните мрежи за ја објави градоначалникот Бобан Стефковски
„Од еден простор на кој често се вршеше диво одлагање на отпад, создадовме место за забава на најмладите и место за одмор на повозрасните. Просторот комплетно го уредивме со павер елементи и на истиот поставивме урбана опрема. Ова е 50 детско забавно катче кое го изградивме во овие три години од мојот мандат“, напиша Стефковски.