Skip to main content
Балкан

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

25/11/2024  22:34

Српската актерка Слобода Миќаловиќ била примена во Ургентниот центар во Белград откако била претепана. Како што дознава српски „Курир“, актерката повикала полиција околу 19 часот.

Таа била физички нападната од непознато женско лице на „Караѓорѓев трг“ во Земун.

„Кога полициската патрола излезе на местото на настанот, констатирано е дека конфликтот започнал на паркингот, додека Слобода паркирала“, изјавил извор за „Курир“ и објаснил:

„Жената наводно ја прашала актерката зошто ја удрила со автомобил, што Слобода демантирала. После тоа настанал конфликт, односно пријавената потоа ја влечела актерката за коса и ја извлекла од возилото“, додал изворот.

Брзата помош пристигнала на местото на настанот бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар.